ОХРИД, Документарен филм [ЕП04] | OHRID - Documentary Movie [EP04]

Sdílet
Vložit
  • čas přidán 17. 03. 2020
  • Секој град може да се претстави како жива материја која се создава, се шири, живее, а во одредени случаеви и згаснува. За градот Охрид постои тврдење дека претставува еден од најстарите градови на Балканскиот полуостров по континуитетот и постоењето на цивилизација во него. Отд тука и самата историја на градот Охрид во временскиот континуитет е премногу богата и изобилува со огромен број на случки, настани, личности кои припаѓаат на севкупната македонска историја. Историјата на градот e Охрид поделена во временски интервали и секој интервал носи свои обележја и знаменитости, а особено такви можат да се воочат во новата историја на градот Охрид.
    Охридска архитектура
    Охридската архитектура е значаен сегмент во традицијата на градот Охрид. Охридската архитектура станала значаен дел од истражувачката дејност на многу историчари на уметноста, архитекти, па дури и фотографи.
    Охридски мааала
    Охрид, покрај тоа што е специфичен по својата архитектура, тој е град и со своја традиција, култура и со обичаи. Токму единствената и надалеку позната охридска традиција и обичаи се создадени од делумно преземените најдобри делови од маалските обичаи и традиции. Стариот дел на градот Охрид именуван како Варош, заземајќи ја местоположбата на охридскиот рид, иако заграден со големи камени бедеми, навидум мислиш недостижен и единствен, сепак внатре, а и надвор од бедемите е поделен на неколку староградски, но и нови маала.
    Население
    Ако го бараме зачетокот на населувањето во градот Охрид, несомнено ќе се вратиме доста назад низ времето во периодот пред новата ера, но за прикажување на реалниот број на населението во новиот период на градот Охрид, можеме да се осврнеме на неколкуте значајни пописи за населението во Охрид. Сите тие иако се подложни на разни политички влијанија и согледани преку окупаторското око до крајот на 1944 година, сепак претставуваат доста значаен историски извор за бројноста на населението во охридскиот реон.
    Неизоставен дел за прикажувањето на бројот на населението во градот Охрид се и сведоштвата на патописците кои даваат свои податоци и согледувања за бројноста и разноликоста на населението во секој домен (верски, според пол, јазик итн.).
    Попис на населението во Охрид
    Во 1900 година, според податоците од Ванчо Кнчов, во Охрид имало 14.860 жители, додека во 1914 година, според податоците на Милан Вујичиќ, во Охрид вкупниот број на населението бил 11.038 жители.
    Во прегледот или пописот на населението од 1921 година се прикажува и вкупниот број на население во градот Охрид, како и бројноста на жителите со православна, муслиманска и друга вероисповед по Првата светска војна. Од податоците кои ни ги дава овој попис се согледува фактот дека бројот на муслиманското население во Оохридско, значително се намалува и севкупниот број на муслиманското население изнесува 277 жители во охридските села, додека бројот на православното население изнесува 19.215 жители.
    Револуционерните почетоци во Охрид и Охридско
    Во континуитет на историските процеси по 1893 година градот Охрид како и цела Македонија се наоѓале под отоманско ропство. Но исто така во овај период по 1893 година од голема значајност е и зачетокот на развивање на револуционерната размисла која најчесто била развивана од младата образовна интелегентна сила. Охрид бил еден од првите градови во Македонија што започнал борба за народни училишта и цркви имајќи ги во предвид туѓонационалните пропаганди кои дејствлувале во градот, а најчесто изразени преку српското, грчкото и бугарското влијание.
    Илинденското востание во Охрид
    Востанието во охридскиот револуционерен реон започнало истовремено како и во другите реони согласно наредбата на Главниот штаб на востаничките сили. Востаничките акции биле точно испланирани од Горското начелство. Поставениот оперативен план бил наполно извршен во целиот реон
    Охридската револуционерна околија, пред почетокот на Илинденското востанието била разделена на пет реони според географски подробности. За секој реон бил назначен и војвода, така што револуционерната околија била разделена на реони.
    Every city can be presented as living matter that is created, expands, lives, and in some cases fades. The city of Ohrid is claimed to be one of the oldest cities on the Balkan Peninsula after the continuity and existence of civilization there. Hence the history of the city of Ohrid itself in the time continuity is very rich and abounds with a large number of events, events, persons belonging to the overall Macedonian history. The history of the city of Ohrid is divided in time intervals and each interval has its own features and landmarks, and especially such can be seen in the new history of the city of Ohrid.
    Ohrid architecture
    Ohrid architecture is an important segment in the tradition of the city of Ohrid. Ohrid architecture has become an important part of the research activity of many art historians, architects and even photographers.

Komentáře •