5+ Бенд - Раце горе

Sdílet
Vložit
  • čas přidán 24. 10. 2017
  • Раце горе
    Деца раце горе
    Комшо и Комшито раце горе
    Цело маало раце горе
    Хип хоп деца и соседи
    На тераса сите збрани, јас рецитирам
    Имам толку многу да кажам
    Што стварно здив немам
    Па еве ме пак в рака
    Микрофонот го земам
    Правам 300 стиха за љубов и разбирање
    Сите сме исти
    Гласно НЕ за неприфаќање
    Јас ги сакам сите
    И тие мене ме сакаат
    Јас сум еден ти си друг секој посебен
    Па одам надвор, старо друштво пак се собрало
    Колку деца има во нашето маало
    Исти желби сите имаме
    Подај ни рака веднаш ќе те примиме
    Веднаш ќе те примиме
    Реф: Раце горе, за вистинските пријатели
    Раце горе, за живот без предрасуди
    Раце горе, за еднакви можности
    1, 2, 3 5+ пријатели
    1, 2, 3 1, 2, 3 па и стотици
    Доста ми е мене од предрасуди
    Јас со душа сакам
    Сакај и ти до небо
    Да сакаш е лесно
    Мојот ритам е вкусен
    Ко на баба Севда гравот, да
    Ајде победи го ти стравот, да
    Сфатиш дека во светот хокус покус нема
    Да си кул со сите тоа е во шема
    Да го смениме светот имаме сила
    Љубовта кон сите ќе ни даде крила
    Хип хоп
    1,2 3 па и стотици за сите деца еднакви можности
    Секој да може да игра и стихови да реди
    Ако неиграат сите тогаш ништо не ни вреди
    Без страв подај рака тоа е мојта моќ
    Јас ќе рапувам за промена цел ден и ноќ
    Без страв подај рака тоа е мојата моќ
    Јас ќе рапувам за промена цел ден и ноќ
    Реф: Раце горе, за вистинските пријатели
    Раце горе, за живот без предрасуди
    Раце горе, за еднакви можности
    1, 2, 3 5+ пријатели
    Наслов на оригиналот „Раце Горе“
    Автори: Гоце Трпков, Смилен Димитров, Митко Гаштаровски
    Препев и адаптација на текст: Билјана Крајчевска
    Аранжман: Мите Димовски

Komentáře •