ЕДУЛАБ ВЕБИНАР: ПРОМОЦИЈА НА „ТРЕНИНГ ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ЗА ЕДУКАТОРИ“ (Втор дел - Толкување АЛБ)

Sdílet
Vložit
  • čas přidán 14. 05. 2024
  • #Едулаб #СајберБезбедност #Курс #Тренинг
    Вебинар МК: czcams.com/users/liveMjYcc56eICU
    Пријава: us06web.zoom.us/webinar/regis...
    Евалуација: forms.gle/otAurQ1WU6zqc5Ge7
    #наменето за: едукатори, стручни соработници и родители
    #датум: 15.05.2024
    #време: 18:00 - 19:00
    #работен јазик: македонски јазик со симултан превод на албански јазик
    #можности за сертификат: сертификат за учество
    #учество: бесплатно, со задолжителна регистрација
    Почитувани едукатори и стручни соработници,
    Ни претставува особена чест и задоволство да ви го претставиме нашиот нов Тренинг за сајбер безбедност на едукатори. Поттикнати од континуираниот процес на учење и надоградување во полето на безбедност на интернет, го креиравме овој курс со цел полесно надминување на предизвиците и полесна адаптација на новите интернет трендови. Овој курс е само еден, но значаен чекор, во процесот на создавање системски решенија и механизми за справување со интернет заканите, поради што истиот вклучува заштита на личните податоци, справување со сајбер насилство, онлајн измами и промовирање етичко однесување на интернет.
    Како учесници на ЕДУЛАБ-вебинарите, ќе имате можност:
    ✔️ да поставувувате прашања;
    ✔️ да имате консултации со предавачот;
    ✔️ да добиете сертификат за учество.
    ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
    За #темата:
    Темата на вториот ЕдуЛаб-вебинар е запознавање на едукаторите и стручните соработници со начините на безбедното онлајн однесување:
    - Позитивна онлајн комуникација
    - Препознавање и справување со кибернасилство
    - Почит и толерантно однесување на интернет
    - Критичко размислување со цел препознавање лажни информации и онлајн измами
    - Развивање критичко размислување и анализа на онлајн информации
    За #предавачот:
    Валентина Петрова работи како наставник по Македонски јазик во ООУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром. Таа воедно е и училиштен администратор за ЕСАРУ, Е-дневник и НПУД. Како долгогодишен едукатор, учествувала во многу државни и меѓународни проекти поврзани со подобрување на наставниот процес и учествувала на повеќе домашни и странски конференции посветени на образованието. Валентина посетила и била предавач на многу обуки посветени на подобрување и унапредување на образованието.
    За #проектот:
    Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори”, имплементиран од страна на СмартАП - Лабораторија за социјални иновации, со финансиска поддршка од Амбасадата на САД.

Komentáře •