5+ Бенд - Тераса

Sdílet
Vložit
  • čas přidán 10. 11. 2015
  • "Тераса" е 8-от сингл од вториот албум на 5+ Бенд.
    5+ Фамилија, секој работен ден на Телма во 12 часот. Репризи во сабота и недела во 09:20.
    #ДружбатаПродолжува
    Изведува: 5+ Бенд
    Наслов на оригиналот: "Bandiera Rossa"
    Текст: Билјана Петревска - Малинова, Бистра Георгиева, Сања Арсовска
    Снимено во студио "Тра ла ла"
    Продуцент и аранжер: Мите Димовски
    „Тераса“
    На една улица, на сто ката
    Зграда има со тајна врата
    А таа врата е за тераса
    За тераса со жолта маса.
    На тераса е кугланата
    На тераса ни е играта
    На тераса ни е смеата
    Тоа е тераса на слободата.
    Сега слушни нешто чудно
    Нешто чудно слушај будно
    Во 3 сабајле некој буши,
    Сака терасата да ни ја сруши.
    Сите во пижами излеговме
    Нашата тераса да ја спасиме.
    Човекот се засрами и замина
    Терасата недопрена остана.
    Нашата зграда е зграда на слога
    Стари, млади, сите заедно сме погласни
    Знаеме што значи да имаш свое место,
    Каде ни е убаво и одиме често.
    Терасата е наша и наша ќе остане.
    Заедно можеме,
    Заедно сакаме,
    Заедно создаваме,
    Заедно чуваме.
  • Zábava

Komentáře •