Најтажната песна на светот - Наталија Наумовска

Sdílet
Vložit
  • čas přidán 6. 09. 2017
  • ♡ Читам мои стихови♡
    Текстот:
    Душава што ја пее и убива
    оваа тага во себе што ја сокрива,
    и темнина што ја покрива,
    и пак наутро во весела се преоблекува.
    Ноти што не се свират,
    в срце длабоко продираат,
    оган и вулкан запалуваат,
    ноти што не се допеваат.
    Душава што пее, никој не испеал,
    скромни песни од солзи и чемер
    со јад и немир збрани во исти кавал,
    со тивок крик и
    солза се завеала.
    Ноти што не се свират,
    во заборав не паѓаат
    оти спомени се како лузни
    што срце параат.
    Душава што пее, никој нема да запее
    и кога новото сонце ќе огрее,
    и кога во пепел ќе се престориме
    од песната најтажна, ќе се опростиме.
    Ноти што не се свират,
    не ги погаѓаат сите,
    и кога низ магла ти минуваат дните,
    запеј една, длабоко од душата,
    нека е најтажната,
    таква песна не слушнал секој.
    ⟡ Блог/Blog: krajbrezje.mk/
    ⟡ Фејсбук страна/Facebook page: / krajbrezje
    ⟡ Инстаграм/Instagram: / krajbrezje
    ⟡ Твитер/Twitter: / krajbrezje
    Направете Subscribe за повеќе видеа!/ Subscribe for more videos!
    ♡ Ви благодарам/Thank you♡

Komentáře •