Македонски народни приказни - Маминото галениче - 1988

Sdílet
Vložit
  • čas přidán 29. 08. 2024
  • Сите пораснавме со нив. Со безвремените визуелни дела и вредности на образовната програма на тогашната Телевизија Скопје, а подоцна Македонска телевизија ширум Македонија пораснаа и се задојуваа безброј Македонски генерации, Македонци, Турци, Албанци, Бошњаци, Власи, Роми и останати националности...
    Вредностите кои ги нудеше државната телевизија на Македонија во тоа време беа општо прифатени од сите националности и возрасти.
    Овие визуелни дела сосебе носеа непроценлива вредност, морал и мудрост отсликани во еден историски период од нашето минато, а создавани на еден едноставен начин да бидат топли, блиски и прифатливи за секој човек.
    Народното творештво во кое се вбројуваат народните мудрости, шеги, гатанки и судбини...изразени преку незаменливите Македонските народни приказни!
    Ви ја претставуваме приказната - Маминото галениче, снимена во далечната 1988 година во режија на Миле Гроздановски. Типично и интересно за овие приказни од овој период е тоа што најавната шпица со артистите кои учествуваат во епизодата одеше во најдолниот дел од кадарот, а одвивањето на дејствието во приказната е пропратено со постојана музика на македонскиот мелос.
    Интересно е да се каже дека приказните од оваа година се едни од најинтересните и најфилмските од продукциски аспект, а најслабо се зачувани од нивната матична куќа.
    Благодарение на младиот глумец Горан Ников која ни ја одвои оваа приказна од неговата богата архива во која зачувал многу приказни од овој период.

Komentáře • 9

  • @balkanecodskopje9826
    @balkanecodskopje9826 Před 4 lety +21

    Браво за поставувањето и браво за младиот актер што ги снимил и зачувал овие приказни а срамно за мртв што не ги зачувале адекватно и како што треба и што не им текнува да направат еден официјален јутјуб канал на кој ќе бидат поставени приказните што се снимени за мртв во дигитална форма и со убав квалитет на снимка како што на пример тоа го направи Сител кој почнаа да ги поставуваат приказните што се снимени за сител на нивниот официјален јутјуб канал и тоа е секако за поздрав, а ме интересира дали ќе бидат поставени и другите приказни од тој период 1988\89 ?

  • @safetcanoski8795
    @safetcanoski8795 Před 2 měsíci

    Pozdrav i sekoja cest za vas 👌👌Dali znae nekoj slucajno kade se snimani prikaznite?Mnogu imam zelba da gi posetam site ovie Lokacii

  • @dimitrijagorgevik8168
    @dimitrijagorgevik8168 Před 4 lety +1

  • @dblaze4745
    @dblaze4745 Před 9 měsíci +1

    Koj nema vglavata ke ima vkrakata👍☀️ 🇲🇰...

  • @predator3089
    @predator3089 Před 2 lety

    Extra so finti

  • @sashododevski8343
    @sashododevski8343 Před 2 měsíci +1

    Jos gi cuvajte deca da zavisiv ot ot vasi penzije samo znaev edno kafe da naruciv I da ga ligaviv cel dn .Lp.sasho

  • @goranvelkovski6198
    @goranvelkovski6198 Před 2 lety +2

    Legendi ova se pravite prikazni