Каде се парите?

Sdílet
Vložit
  • čas přidán 4. 07. 2024
  • Дали е можно со помош на естетската хирургија човек да изгледа како „Аполон“, ем во лицето, ем во телото? Дали Скопје станува мини регионален центар за сите кои сакаат естетски корекции?
    Податоците велат дека се повеќе жители од регионов, привлечени од најевтините цени за вакви зафати, доаѓаат во Македонија.
    Но, како да се искористува целиот потенцијал што го поседуваат тукашните хирурзи пластичари за да се привлечат пациенти од странство, но и да се задржат домашните за да не заминуваат?
    Има ли простор за да се зголемат економските бенефити од естетската хирургија како медицинска гранка? Дали се менуваат трендовите во естетската хирургија? Што сакаат мажите, што жените, што помладите, што повозрасните?
    Одговорите на овие прашања гледајте ги во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, каде гостува д-р. Игор Пеев, хирург пластичар.
    0:00 - Интро
    2:43 - До Аполон, со скалпел?
    5:09 - Успехот на Турција во здравствениот туризам?
    9:50 - Разлика меѓу пластична и естетска хирургија
    14:24 - Економскиот потенцијал на естетската хирургија
    29:14 - Има ли старосни граници за корекции?
    32:56 - Пари или етика?
    35:22 - Што бараат мажите, а што жените?
    39:55 - Што е ботокс, а што филер?
    45:58 - Конкуренција од други сектори
    53:47 - Магија или сѐ има свој лимит?
    59:56 - Сѐ може да оперирам ама рогови не ставам!
    ________
    Поткастот „Каде се парите?“ во продукција на порталот Пари (www.pari.com.mk) e новиот онлајн простор за дебати и потрага по одговори за актуелни економски и политички теми. Во едночасовниот разговор со внимателно одбраните гости, се нудат интересни информативни, аналитички и едукативни содржини.
    Домаќин и водител е долгогодишниот економски новинар Горан Теменугов. Поткастот се емитува секоја недела.
    ____________
    Следете нѐ на:
    Website: pari.com.mk/
    Facebook: / pari.com.mk
    Instagram: / pari.com.mk
    Tiktok: / pari.com.mk
    CZcams: / @parimedium

Komentáře •