Каде се парите?

Sdílet
Vložit
  • čas přidán 4. 07. 2024
  • Дали долговите на неплаќачите, ќе ги платат сите граѓани и фирми плаќачи?
    Пред Уставен суд, втора рунда од битката да се укинат измените на законите за облигациони односи и за извршување.
    Адвокатите сметаат дека со овие измени, се врши упад во правниот систем, и дека се фаворизираат неплаќачите, наспроти совесните граѓани и фирми кои ги подмируваат своите долгови.
    Предупредуваат и дека сметката од застарување на долговите, на крајот ќе ја платат сите граѓани.
    Ставовите на адвокатите кои ги оспорија овие измени пред Уставен, ги бранеше претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски - Џанго.
    0:00 - Интро
    2:46 - ИЗМЕНИТЕ ВНЕСОА ХАОС
    7:45 -ОСТАНАА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОМУНАЛНИТЕ СЛУЧАИ
    12:55 - ФИРМИТЕ НЕМА ДА СИ ПЛАЌААТ МЕЃУ СЕБЕ
    16:08 - СУДОТ ВО СТРАЗБУР НА СТРАНА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ
    24:05 - ПЛАЌАЧИТЕ ПЛАЌААТ ЗА НЕПЛАЌАЧИТЕ
    30:31 - „АД ХОК“ МЕНУВАЊЕ ЗАКОНИ Е ОПАСНО ЗА ПРАВНИОТ ПОРЕДОК
    35:44 - НЕМА ИНВЕСТИЦИИ АКО НЕМА НАПЛАТА
    45:25 - СЕ УШТЕ СУМ „СПРЕМЕН“ КАКО ПОРАНО
    52:31 - ВО МВР МОРА ВРАБОТУВАЊА СПОРЕД СТРОГИ КРИТЕРИУМИ
    59:03 - ПОЛИЦАЈЦИТЕ МОРА ДА БИДАТ ПОЕНЕРГИЧНИ
    ________
    Поткастот „Каде се парите?“ во продукција на порталот Пари (www.pari.com.mk) e новиот онлајн простор за дебати и потрага по одговори за актуелни економски и политички теми. Во едночасовниот разговор со внимателно одбраните гости, се нудат интересни информативни, аналитички и едукативни содржини.
    Домаќин и водител е долгогодишниот економски новинар Горан Теменугов. Поткастот се емитува секоја недела.
    ____________
    Следете нѐ на:
    Website: pari.com.mk/
    Facebook: / pari.com.mk
    Instagram: / pari.com.mk
    Tiktok: / pari.com.mk
    CZcams: / @parimedium

Komentáře • 8

  • @spirononevski1479
    @spirononevski1479 Před měsícem

    Bravo, odlicno intervju

  • @Aleksandra88188
    @Aleksandra88188 Před 2 měsíci

    Во Чешка, правото на побарување на доверител кон должник е регулирано во неколку членови. На пр. чл.639 од Закон за облигациони односи 89/2012 вели:"Ако должникот го признал својот долг, правото на побарување е застарено десет години од денот на признавањето на долгот. Меѓутоа, ако должникот во признавањето го определи и рокот до кој ќе се исполни, правото застарува за десет години од последниот ден на определениот рок." Член 640 "Право дадено со одлука на јавен орган ќе истече за десет години од датумот на кој требало да биде исполнето решението." Меѓутоа, самото ИЗВРШУВАЊЕ НЕМА РОК НА ОГРАНИЧУВАЊЕ. Ако судот донел пресуда за извршување, нема застареност и по 10 години. "Застареноста се однесува на извршување само доколку доверителот има правосилна пресуда и право на извршување на долгот, но оваа одлука не ја ставил на извршување 10 години. Во реалноста, сепак, тоа никогаш нема да се случи, бидејќи ако доверителот го изврши долгот на суд и го добие спорот, тој ќе го бара својот имот преку извршување.
    Накратко, тоа би требало да бидат многу уникатни и посебни случаи, но ако заплената веќе трае, тоа не може да се избегне со, на пример, ослободување од целиот имот и чекање 10 години. Ова заплена би продолжила, па дури и ќе премине на потенцијалните наследници во случај на смрт (освен ако тие не се откажат од целото наследство)."
    Во Холандија долгот никогаш не застарува бидејќи рокот на застареност секогаш може да се прекине доколку доверителот побара наплата од должникот и веднаш од поново повторно да се активира. Малку е поинаков системот во Холандија но генерално таму не може да не се наплати долг и покрај тоа што рокот на застареност на повеќето долгови е 5 години.
    Сум живеела во Холандија и живеам во Чешка, со северџански пасош верувале или не 😅😊. Да, малку е чудно како се донел ваков закон, да ти го избришат долгот после 10 години?!?!?😮 Еве ги прочитав убаво законите во Чешка и Холандија, не постои ваква глупост таму. Сите плаќаме и даноци и долгови и имаме квалитетен живот. Треба дефинитивно Уставен суд да пресуди во корист на адвокатите. Значи долгот мора да се наплати. Наместо да носат вакви ГЛУПАВИ ЗАКОНИ, нека ги затворат казината за луѓето да не должат, во спротивно никој нема да сака да отвори фирма во Македонија и ќе се плаши затоа што законот штити неплаќачи. За неколку години, ќе се случи КОЛАПС на стопанството. Барем пред да носат вакви глупави закони нека прочитаат и истражат малку каде во Европа постои ваков закон?! Каде се применува?!
    Евентуално да се помогне на должниците од социјален аспект, со наоѓање на работа и да се договори за наплата на долгот. Исто така може да му се додели социјален стан привремено додека не му се зголемат приходите.

  • @pilifiksveurg6642
    @pilifiksveurg6642 Před 2 měsíci

    Додадете го подкастот на Apple podcast.

  • @sajosajooo3260
    @sajosajooo3260 Před 9 dny

    Dzangoo e Advokat koj site go
    Poznavat koj e i DZANGO
    NE E SODVETEN DA KAŽUVA
    ZA ZKONI
    DONESENI
    DZANGOOOOO😂

  • @Aleksandra88188
    @Aleksandra88188 Před 2 měsíci

    Ако овие измени се заради Арачиновска мафија, нема бегање 😂😂 "Че ве пуцаат сите у собрание ако не ги гласате измените" 😂😂😂 Судиите во Уставен нека му ја мислат. Ќе пука ли Џанго прв? 😅

  • @EmilijaGolova
    @EmilijaGolova Před 2 měsíci

    Ве заследивме и ви дадовме заслужен “лајк.“

  • @sajosajooo3260
    @sajosajooo3260 Před 9 dny

    VODITELUUU
    KOMENTIRAŚ
    ZAKON
    DONESENNNN
    KOJ SE BREE TIIII
    KVAZI NOVINAR
    DA KOMENTIRAŚ
    SUDSKA ODLUKA
    IZVRSITELITE
    GO
    KRŚAT ZAKONOT
    KRIVIČNO DELO EEE