Шацимаркис прозборе "македонски"

Sdílet
Vložit
  • čas přidán 3. 11. 2011
  • На изненадување на сите европратеникот со грчко потекло проговори на македонски. Во знак на почит кон Македонците како што помислија повеќето, или Шацимаркакис всушност се држеше до грчката линија -- подобро "македонски" да се каже на "македонски", отколку со англиски превод. (macedonian. )
    За неговиот говорот на македонски повеќе се плашел дека ќе реагира Бугарија, отколку Грција.
    - Очекувам поголеми проблеми во Бугарија, отколку во Грција, бидејки сметам дека мојот изговор е малку бугарски, не знам. Но во Грција има многу луѓе кои зборуваат "македонски" и го сакаат "македонски" и само да ве потсетам дека да се нарекува јазикот македонски, како што и е, всушност беше предлог на поранешната министерка за надворешни Бакојани и тука не гледам никаков проблем, изјави Шацимаркакис.
    Резолуцијата на македонското Собрание во која се бара ЕК да го користи терминот "македонски", Комитетот ја прифати како амандман кој ќе го испорача во Брисел и очекува со тоа да се затвори ова прашање.
    - Најдовме сили двете делегации, да укажеме дека ја делиме таа загриженост и очекуваме ЕК да се врати на методологијата која ја користеше до 2009 та година, изјави Кенан Хасипи, копретседавачот со МПК.
    Комитет особено се се фокусирал на случувањата во Грција, евро зоната и последиците врз Македонија, како економски, така и политички, бидејки Неа Демократија ке мора да даде поддршка за новата преодна Влада, со што Самарас станува клучен играч.
    - Лидерот на Неа Демократија, Самарас, вие добро го знаете, нема да ги промени релациите меѓу двете земји. Верувам дека Грција ќе разбере оти економската криза нема да и биде вечно алиби за нерешавање на проблемите со соседите, потенцираше Шацимаркакис.
    Заедникки усвоените препораки на Комитетот не се разликуваат многу од оние во извештајот на ЕК. Македонија бележи напредок и заслужува датум за почеток на преговори.
    - Сите земји членки на ЕУ, освен Грција го признаваат уставното име на Македонија, и јас не можам да сфатам како грчкото лоби е толку успешно, но тоа е единствена причина, зошто Македонија се уште нема добиено датум за почеток на преговори. Сметам дека е крајно време да се повика Грција да ја почитува Времената Спогодба од 1995- тата, побара романската европратеничка Моника Маковеј.
    Маковеј, поранешен советник во Владата на Груевски, потенцираше дека во борбата против корупцијата и реформите во судството, Македонија напредува и е на ист ранг со одредени членки на Унијата.

Komentáře •