Еден дел од својот живот Киплинг бил воено-хушкачки настроен. Затоа го пратил својот син да учествува во Првата Светска Војна. Неговото загинување е освестување за Киплинг и јас сум сигурен дека оваа поема е посветена на неговиот загинат син!
Ако Ако присебно си ладен кога сите други паниката ја пишат на делата твои а разбирачка имаш за сомнежни слуги ама држиш до себе и ич не ги броиш; ако, кога чекаш, не туфкаш и пцуеш и не плукаш ни кога плукнат ти си; и кога те мразат - злоба не те труе ама сепак не се петелиш ко мисир; Ако сон сонуваш - без роб да му станеш; Ако мисла товиш - ама само како алат; Ако победа и пораз умееш да сфанеш - дека измамата иста во тебе ја палат; Ако истрпиш кога подлец глупак лови со вистина твоја во измамно руво; Ил` кога животот кон бездна ти плови а ти почнеш нов ко да си на суво; Ако на куп собрано се`што си имаш го ставиш под ножот на фрлен зар, па, мртов ладен, загубата ја примаш без протест и завист за туѓиот ќар; Ако папсале срце, жила, нерв и маде а умееш да ги стиснеш пак да дивеат па наспроти билансот што ти е јаден ќе можеш да викнеш:“Ќе преживеам!“; Ако зла толпа смируваш без да ја молиш а кај кралот си држиш смисол за хумор; Ако за душман ни другар уво не те боли а сепак те сакаат да си бидете кумој; Ако полниш минута што без милост тропа со шеесет мига долг пат што си минел - твоја ќе е Земјата и без да си и` стопан - и што е побитно - ќе станеш човек, ти сине! Ако од Радјард Киплинг.wmv
Еден дел од својот живот Киплинг бил воено-хушкачки настроен. Затоа го пратил својот син да учествува во Првата Светска Војна. Неговото загинување е освестување за Киплинг и јас сум сигурен дека оваа поема е посветена на неговиот загинат син!
Прекрасна интерпретација!
Прекрасни зборови!!!
Ако
Ако присебно си ладен кога сите други
паниката ја пишат на делата твои
а разбирачка имаш за сомнежни слуги
ама држиш до себе и ич не ги броиш;
ако, кога чекаш, не туфкаш и пцуеш
и не плукаш ни кога плукнат ти си;
и кога те мразат - злоба не те труе
ама сепак не се петелиш ко мисир;
Ако сон сонуваш - без роб да му станеш;
Ако мисла товиш - ама само како алат;
Ако победа и пораз умееш да сфанеш -
дека измамата иста во тебе ја палат;
Ако истрпиш кога подлец глупак лови
со вистина твоја во измамно руво;
Ил` кога животот кон бездна ти плови
а ти почнеш нов ко да си на суво;
Ако на куп собрано се`што си имаш
го ставиш под ножот на фрлен зар,
па, мртов ладен, загубата ја примаш
без протест и завист за туѓиот ќар;
Ако папсале срце, жила, нерв и маде
а умееш да ги стиснеш пак да дивеат
па наспроти билансот што ти е јаден
ќе можеш да викнеш:“Ќе преживеам!“;
Ако зла толпа смируваш без да ја молиш
а кај кралот си држиш смисол за хумор;
Ако за душман ни другар уво не те боли
а сепак те сакаат да си бидете кумој;
Ако полниш минута што без милост тропа
со шеесет мига долг пат што си минел -
твоја ќе е Земјата и без да си и` стопан -
и што е побитно - ќе станеш човек, ти сине!
Ако од Радјард Киплинг.wmv
НЕШТО СОВРШЕНО :-)