Просветно дело
Просветно дело
  • 65
  • 2 262 521
Просветен работник на годината за учебната 2020-2021 година!
Здружението на просветни работници на Град Скопје на ден 13.12.2021 год. ја одбележа 20 годишнината од своето постоење и 20 годишнината од постоењето на манифестацијата "Просветен работник на годината на Град Скпје" за учебната 2020/2021 год. со пригодна програма во Македонскиот Народен Театар. На почетокот пригодно обраќање имаше претседателката на здружението Катерина Митковска која истакна: Здружението на просветни работници на Град Скопје со своите активности е познато во јавноста веќе 20 години. Со оваа наша јубилејна манифестација "Просветен работник на годината на Град Скпје" сакаме да изразиме благодарност и внимание кон просветните работници на територијата на градот Скопје за нивната посветеност и вложен труд во професијата кој заслужува да биде вреднуван. Во ова време на пандемија, брзите општествени предизвици го опфатија и образовниот процес каде просветните работници доследно одговорија на истите и се прилагодија на сите потешкотии се со цел поквалитетно и посовремено образование. Ако за просветниот работник, ученикот е во центарот на вниманието, тогаш центар на вниманието на општеството заслужуваат да бидат просветните работници од кои зависи успешноста на сите останати професии и области во тоа општество. Уште во најстарите времиња се придавало огромно значение на занаетот - учител. Ако според Џон лок детето кога ќе се роди е како "tabula rasa" празен лист хартија, тогаш учителот со своето знаење и умешност е тој кој влијае во испишувањето на тој празен лист и изградувањето на личноста на детето.
Им честитаме на колегите добитници на наградата "Просветен работник на годината на Град Скпје" за учебната 2020/2021 год. и им посакуваме и понатаму успешна работа и личен напредок. Тоа се:
1. Виолета Петковска, воспитувач во ЈУДГ "Детска Радост", Општина Гази Баба
2. Валентина Ангелковска, одделенски наставник во ОУ "11 Октомври", Општина Центар
3. Анкица Спасова, предметен наставник во ОУ "Тихомир Милошевски", Општина Ѓорче Петров
4. Емануела Есмерова, наставник по стручни предмети во СЕПУГС "Васил Антевски - Дрен", Општина Кисела Вода
5. Стојанка Коцева, дипломиран дефектолог, вработена во ЈУ "Завод за рехабилитација на деца и младинци", Општина Бутел, во категоријата - Училишни центри и заводи за образование и рехабилитација на деца и младинци.
6. Крсте Велески, професор по педагогија, доби признание за особен придонес во домската педагогија во категоријата Ученички домови.
Во оваа пригода претседателката на здружението Катерина Митковска додели Признание за почесен претседател на здружението на проф. Раско Лозаноски. Истиот е пензиониран просветен работник, професор по македонски јазик и литература, основач на здружрнието и на два пати последователно негов претседател. Беа доделени и благодарници за истакнатите членови на здружението кои дадоа свој придинес во реализирањето на манифестацијата. Тоа се следните колеги:
1. Раде Илиевски
2. Олгица Бајалџева
3. Светлана Јосифоска
4. Јадранка Клисарова
5. Фатиме Алии
6. Христина А. Борисовска
7. Валентина Трајкоска
8. Софка Коцева
Изразуваме и голема благодарност до нашите традиционални пријатели и соработници, издавачката куќа "Просветно Дело" кои секогаш се со нас и даваат огромна поддршка на просветните работници како и во реализацијата на разни манифестации и др. пригоди. Благодарност до Генералниот директор м-р. Павле Петров, директорката Весна Дукоска и одговорниот уредник Ана Иванова која беше и модератор на настанот. Манифестацијата ја збогатија со своите маестрални изведби учениците од МБУЦ "Илија Николовски- Луј" со нивните ментори Маја Митровска Богојевска, Наташа Стојановска и директорката м-р Даница Стојанова. Прекрасен настап имаа и учениците од ОУ "Партенија Зографски" од Општина Кисела Вода со своите ментори, наставничката Весна Тодоровска-Унковска и директор Мартин Мартиновски. Незаборавен настап имаше и ученичката Нина Ламева од ОУ „Браќа Миладиновци“ од Општина Аеродром.
Благодарност за присуството и поддршката од:
- Град Скопје, градоначалничката г-ѓа Данела Арсовска која на добитниците им додели плакети.
- Претседателот на Советот на Град Скопје г- дин Трајко Славевеки
- Секторот за образование при Град Скопје
- Амбасадата на Република Србија со нејзината екселенција г-ѓа Невена Јовановиќ
- Амбасадата на Република Босна и Херцеговина со неговата екселенција г-дин. Драган Јаќимовиќ
- Делегацијата на Европката Унија со претставник г-дин Стефен Худолин
- Фондација "Никола Кљусев"
- Сојузот на учители на република Србија
- Ликовниот уметник Живко Поповски - Цветин
- Писателот Горјан Петревски
- Македонскиот Народен Театар со директорката Симона Угриновска, како и целата екипа за безпрекорниот професионализам
- Фармацевската компанија Реплек фарм
zhlédnutí: 680

Video

Просветно дело - Онлајн книжарница
zhlédnutí 1,7KPřed 3 lety
Живееме во време на голема и мошне брза дигитализација. Живееме во време во кое потрошувачките навики од ден на ден се менуваат, а секоја компанија која се стреми да ги следи моменталните трендови и потребите на своите потрошувачи, се стреми кон достигање на најновите начини на работење. Сѐ повеќе нашите купувачи се навикнуваат да купуваат онлајн, па затоа решивме да им овозможиме сите производ...
ОПРЕМИ СЕ СО СЕ ЗА САМО 10 ДЕНАРИ!
zhlédnutí 4,7KPřed 3 lety
ОПРЕМИ СЕ СО СЕ ЗА САМО 10 ДЕНАРИ!
Нови авантури со ГАБОЛ!
zhlédnutí 2,2KPřed 4 lety
Остави малку искра каде и да одиш. Доаѓа време за нови авантури, а летото е само на чекор од нас! Наполни ги своите куфери со богатства кои ќе станат незаборавни спомени од твојот живот. Стилот е начинот да покажеш кој навистина си ти, без да зборуваш. Затоа избери квалитет, избери Габол. Биди најдобриот ти! Просветно дело, 75 години со вас, 75 години свои! Секогаш најдобри!
Теди - цветно виножито 2
zhlédnutí 716Před 4 lety
Теди - цветно виножито 2
Април килим ткае
zhlédnutí 1,5KPřed 4 lety
Април килим ткае
Првачето Ета!
zhlédnutí 1,1KPřed 4 lety
Првачето Ета!
Се почна во една есен!
zhlédnutí 1,3KPřed 4 lety
Монтажа - Јовица Вукобрат Музика: Влад Глушенко, ПРОЛЕТ
ЗЛАТОКОСАТА ПРИНЦЕЗА!
zhlédnutí 1,4KPřed 4 lety
ЗЛАТОКОСАТА ПРИНЦЕЗА!
ТЕДИ - ПРОЛЕТНО СРЕДУВАЊЕ!
zhlédnutí 994Před 4 lety
ТЕДИ - ПРОЛЕТНО СРЕДУВАЊЕ!
ТЕДИ И ДИНО
zhlédnutí 4,7KPřed 4 lety
ТЕДИ И ДИНО
РОСИЦА - ПРИРОДНИ НАУКИ
zhlédnutí 1,2KPřed 4 lety
РОСИЦА - ПРИРОДНИ НАУКИ
РОСИЦА, ТЕДИ И КУЌИЧКА ЗА ПТИЦИ!
zhlédnutí 1,6KPřed 4 lety
РОСИЦА, ТЕДИ И КУЌИЧКА ЗА ПТИЦИ!
ПРИРОДНИ НАУКИ СО РОСИЦА - МАГНЕТИ
zhlédnutí 1,3KPřed 4 lety
ПРИРОДНИ НАУКИ СО РОСИЦА - МАГНЕТИ
GP & STEFFONATOR во светот на FROZEN II!
zhlédnutí 25KPřed 4 lety
FROZEN II во аугментирана реалност. Преземи ја бесплатната апликација и влези во волшебниот свет на FROZEN II. Марко и Стефан беа воодушевени, обидете се и вие!
Зошто се смее Теди
zhlédnutí 1,4KPřed 4 lety
Зошто се смее Теди
РОСИЦА - Карневал на животните од Ками Сенј Санс - КРАЛСКИОТ МАРШ НА ЛАВОТ
zhlédnutí 3,6KPřed 4 lety
РОСИЦА - Карневал на животните од Ками Сенј Санс - КРАЛСКИОТ МАРШ НА ЛАВОТ
HAPPY NEW YEAR со GP и STEFFONATOR!
zhlédnutí 8KPřed 4 lety
HAPPY NEW YEAR со GP и STEFFONATOR!
Теди и принцезата
zhlédnutí 819Před 4 lety
Теди и принцезата
Росица
zhlédnutí 630Před 4 lety
Росица
Теди - Новогодишна елка
zhlédnutí 714Před 4 lety
Теди - Новогодишна елка
ГОЛЕМАТА ТАЈНА Е ОТКРИЕНА!
zhlédnutí 18KPřed 4 lety
ГОЛЕМАТА ТАЈНА Е ОТКРИЕНА!
Теди црта!
zhlédnutí 1,9KPřed 4 lety
Теди црта!
„За часот по природни науки“ - СЕТИЛА (2)
zhlédnutí 1,6KPřed 4 lety
„За часот по природни науки“ - СЕТИЛА (2)
„За часот по природни науки“ - СЕТИЛА (1)
zhlédnutí 1,3KPřed 4 lety
„За часот по природни науки“ - СЕТИЛА (1)
GP&STEFFONATOR - GABOL
zhlédnutí 4,6KPřed 4 lety
GP&STEFFONATOR - GABOL
Слушни, пеј и играј!
zhlédnutí 81KPřed 4 lety
Слушни, пеј и играј!
Росица / Мечето Теди 2
zhlédnutí 3,7KPřed 4 lety
Росица / Мечето Теди 2
GP и STEFFONATOR - тетратки
zhlédnutí 23KPřed 4 lety
GP и STEFFONATOR - тетратки
BTS - ОПРЕМИ СЕ ЗА САМО 50 ДЕНАРИ!
zhlédnutí 3,5KPřed 4 lety
BTS - ОПРЕМИ СЕ ЗА САМО 50 ДЕНАРИ!

Komentáře